Денес, детската градинка „Прва радост“, од Василево доби донација – два прочистувачи за воздух. Донатори се „Темпера“ во соработка со Синпекс“.„ Децата се нашето најголемо богатство и секогаш е убаво да вложуваме во нивното здравје“ , е јавно прокламираниот став и мотив на донаторот.
Благодарност за донацијата изразија градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и директорот на градинката Игорчо Илиев.
„Прочистувачите ќе бидат поставени во просториите во кои престојуваат дечињата. Стварањето подобри услови во кои престојуваат дечињата е наш приоритет, а бенефитот несомнено ќе го почувствуваат сите дечиња“, изјави директорот Илиев.





