Градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, со своите соработници беше гостин во детската градинка „Прва радост“, Василево, каде на дечињата им подели играчки донирани од приватна компанија.
Играчките измамија насмевки кај дечињата и задоволство кај воспитувачките за кои играчките се средство и алатка во реализирањето на планираните воспитно едукативни содржини и активности кои се составен дел од престојот на дечињата во градинката.
Благодарност до донаторот изразија градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и директорот на градинката Игорчо Илиев.





