Денес, дечиња од големата група од градинката „Прва радост“ во Василево заедно со своите воспитувачки ја посетија општина Василево каде што се стекнаа со основни информации за работата на оваа институција.
Градоначалникот на општината Марјан Јанев чии гости беа, дополнително им го разубави престојот со подароците што секое од нив ги доби а за возврат тие му се заблагодарија со песнички и многу искрени насмевки.