Дечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево добија Новогодишни пакетчиња од ЦРЈИПР

Вчера, директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР), Ѓоко Камчев, со дел од своите вработени и во придружба на градоначалникот на општина Василево, ги даруваше дечињата од детската градинка „Прва радост“ во Василево, со Новогодишни пакетчиња. Дечињата,  не криејќи ја радоста заради подароците, својата благодарност ја изразија преку новогодишни песнички и специјално изработени честитки за драгите гости.

Се разделија упатувајќи се меѓусебни желби за добро здравје, среќа и многу радосани и весели моменти во Новата 2023 година.

DSC_0702_1024x681
DSC_0707_1024x681 DSC_0711_1024x681 DSC_0713_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail