На ден 13.06.2019 година (четврток), со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 21-та редовна седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Годишен извештај за работата на Цантарот за развој на Југоисточниот плански регион;
- Извештај од спроведена самоевалуација на ООУ„Атанас Нивичански“ , Нова Маала за период 2016-2018 година;
- Финансиски извештај на ЈП „Турија“ за првото тромесечие за 2019 година од 01.01.2019 до 31.03.2019 година.
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2019 година за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-1);
- Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-2);
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-3);
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
- Предлог-одлука за пристапување кон измена на Статутот на општина Василево;
- Нацрт-статутарна одлука за измена на Статутот на општина Василево;
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – викенд-куќа на к.п бр. 1596 и 1709 во КО Градашорци вон г.р
- Донесување на оддлука по барање за финансиски средства поднесено од Жаклина Џорлева од Струмица;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЛД „Фазан“ од Василево;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Македонска православна црква – Охридска архиепископија, храм Св. Наум Охридски, Чанаклија;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Џамиски одбор с. Градашорци;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Црковниот одбор при храмот „Св. Ѓорѓи“ од с. Пиперево;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ванчо Карчев од с. Пиперево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





