На ден 31.01.2023 година (вторник), со почеток во 14,00 часот, во просториите на спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 19-та седница.
За работа на Седницата, предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година (К1);
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени опбврски на општина Василево за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година (К2);
- Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година (К3);
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2023 година;
- Буџетски календар за 2023 година;
- Измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2023 година за општина Василево;
- Финансиски извештај на ЈП „Турија“ до четвртото тромесечие за 2022 година од 01.01.2022 до 31.12.2022 година;
- Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2022 година;
- Предлог-одлука за доделување на парична награда на избран најдобар полицаец од општина Василево за 2022 година;
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Емил Крстев од Василево;
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Билјана Јорданова од с. Седларци;
- Донесување на одлука по Барање за градежен материјал поднесено од о. Ѓорѓи Динов, парох во Нова Маала при црквата Успение на Пресвета Богородица.





