На 31.01.2022 година (понеделник) со почеток во 15:00 часот, во просториите на Општина Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи петата седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2021 година за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година (К-1).
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година (К-2).
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година (К3).
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Пецанова Слоботка од с.Дабиље бр.192.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ристова Лика од с.Нова Маала бр.61.
- Предлог одлука за пренесување на право на користење на патничко моторно возило Hyundai Elantra на ЈКПД ,,Турија” Василево.
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2022 година
- Извештај за реализација на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2021 година





