На 31.10.2022 година (понеделник), со почеток во 10,00 часот, во просториите на спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ќе се одржи петнаесетата седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година (К1);
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2022 до 30.09. 2022 година (К2);
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за период од 01.01.2022 до 30.09.2022 година (К3);
- Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за третото тромесечие за 2022 година од 01.01.2022 година до 30.09.2022 година;
- Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево и
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Георги Георгиев од с. Нова Маала.





