На 13.12.2021 година, со почеток во 13,00 часот, во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“, во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната, трета седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог – Решение за разрешување и именување на членови и претседател на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на членови и претседател на Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево;
- Предлог – Решение за именување на член на Управен одбор во ЈОУДГ Прва радост Василево по предлог на Министерство за труд и социјална политика ;
- Предлог – Решение за именување на член на Управен одбор во ЈОУДГ „Прва радост“ Василево по предлог на Совет на родители при ЈОУДГ Прва радост Василево;
- Предлог-Одлука за формирање Општински Совет за Социјална заштита.
- Предлог-Програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за изградба и реконструкција на Детски градинки за 2022 година;
- Предлог-Програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Василево за 2021/2022 година во зимски услови;
- Предлог-Програма за социјална заштита во Општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за поставување вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици во општина Василево во 2022 година;
- Предлог-Програма за активностите во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2022 год;
- Предлог-Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година;
- Предлог-Програма за заедничка потрошувачка во Општина Василево за 2022 година;
- Предлог План за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Василево (2022-2025);
- Предлог-Програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во индустриската зона на општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование 2022 година;
- Предлог-Програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Одлука за измена на распоредот на средства на Буџетот на општина Василево за 2021 година;
- Предлог-одлука за Буџетски календар за 2022 година;
- Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2022 година;
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година.
Решение за свикување трета седница





