На 17.08.2022 година (среда), со почеток во 10,00 часот, во просториите на општина Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната тринаесетта седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2022 година
- Годишна Програма за работа на ЈОУГД „Прва радост“, Василево за 2022-2023 година
- Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2021-2022 година
- Давање согласност на Одлуката на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
- Давање согласност на Одлуката на ЈОУДГ „Прва радост’, Василево за прием на повеќе или помалку деца во група
- Давање согласност на Одлуката на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување на Комисија за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиски критериуми за прием на деца
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од КУД „Сушевски бисери“,
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од ОК „Сушево“ од с. Сушево за организирање турнир во одбојка
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од ОК „Сушево“ од с. Сушево за натпреварување во Првата македонска одбојкарска лига.
Тринаесета седница, 17.08.2022





