На 28.12.2017 година (четврток) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи четвртата седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Информација за функционирањето на Системот за управување со кризи (СЦУК), Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК)– Струмица.
- Предлог-одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево.
- Измени и дополнување на Годишната Програма за работа наООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.
- Давање согласност на Финансиски план на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2018 година.
- Давање согласност на Финансиски план на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2018 година донесен од Училишниот одбор на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.
- Давање согласност на Финансиски план на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2018 година донесен од Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
- Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“ за 2018 година донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево.
- Предлог-одлука за исплата на надоместок за изборните трошоци направени во кампањата на локалните избори одржани во 2017 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2018 година.
- Предлог-Буџет на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2018 година.
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2018 година.
- Донесување на одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Хуманитарното здружение за деца без родители „Хуманост“ од Струмица.
- Донесување на одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од здружение на ловци и риболовци „Елен“ од Ново Село.
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Здрушение пинг-понгарски клуб за лица со инвалидитет „Астраион плус“.
Седницата ќе се одржи во просториите наДомот на културата во Василево.





