На ден 14.11.2022 година (понеделник) со почеток во 13,30 часот, во просториите на спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 16-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево (ребаланс) за 2022 година;
- Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2023 година;
- Предлог-програма за активноста на општина Василево во областа на социјалната заштита за 2023 година;
- Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2023 година;
- Предлог-програма за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2023 година;
- Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2023 година;
- Донесување на одлука по барање за градежен материјал за бетонирање на дел од улица, поднесено од Ванчо Митев од с. Радичево.





