Единаесетата седница на Советот на општина Василево е закажана за петок, 13.07.2018 година, со почеток во 12,00 часот.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајна инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – идивидуална станбена куќа на к.п бр. 2394 во КО Доброшинци.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување од урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – прогон на к.п бр. 656/1 од КО Градошорци вон гр.
- Предлог-одлука за утврдување од потребата за донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти-деловен и помошен објект на к.п бр. 404 во КО Градошорци вон гр.
- Донесување на одлука по Барање за финансиска помош поднесено од Трајков Ване од с. Пиперево.
- Донесување на одлука по Барање за финансиска помош поднесено од Јовановски Стојче од с. Владевци.
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Стоилов Страхил од с. Владевци.
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Зорица Јанева.
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Здружение АЛИ БЕГ.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





