На ден 28.07.2022 година (четврток) со почеток во 16,00 часот, во просториите на спортската сала при ООУ„Гоце Делчев“, Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 12-та седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2022 година за периодот 01.01.2022 до 30.06.2022 година К-1
- Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот 01.01.2022 до 30.06.2022 година К-2
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот 01.01.2022 до 30.06.2022 година К-3
- Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за прво полугодие 2022 година од 01.01.2022 до 30.06.2022 година
- Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Здружение на граѓани – Гулабари, „Небеска лепота“ од с. Чанаклија.
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Даниел Иванов од с. Владевци.





