Четиринаесетата седница на Советот на општина Василево ќе се одржи во среда на 31.10.2018 година со почеток во 12,00 часот.
За работана седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2018 година за период од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година К1.
- Квартален извештај за доспеаните а ненамирени обврски на општина Василево за период од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година К2.
- Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за период од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година К3.
- Донесување на одлука по Барање за финансиска помош поднесено од Игор Велков од с.Чанаклија.
- Донесување на одлука по Барање за финансиска помош поднесено од Милена Ристова од с.Владевци.
- Донесување на одлука по Барање за финансиска помош поднесено од Крсто Ѓеоргиев од с.Василево.
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Василевo за 2018 година.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П.бр.960 во КО Добрашинци вон г.р.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П.бр.959/1 во КО Добрашинци вон г.р.
- Предлог-Решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита.
- Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Комисијата за земјоделие и заштита на животната средина.
- Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
- Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Комисијата за Статут и прописи.
- Годишен извештај за работа на ООУ Гоце Делчев с.Василево за учебната 2017/2018 година.
- Извештај од спроведената самоевалуација на ООУ Гоце Делчев с.Василево за период 2016-2018 година.
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија” Василево за утврдување на цената за монтажа на канализациони елементи.
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија” Василево за утврдување на цената за депонирање на отпад од животинско потекло.
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија” Василево за утврдување на висина на паричен надоместок за изработка на шахта за фекална канализација.
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија” Василево за утврдување на цената на водата за пиење по м3 во населеното местоТрибичино.
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија” Василево за утврдување дополнување на Ценовникот на ЈПКД Турија за работа на улично осветлување бр.05-138/1 од 05.02.2010 година.
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија” Василево за утврдување на висина на паричен надоместок за изработка на атмосферски сливник.
- Финансиски извештај на ЈПКД Турија за третото тромесечје за 2018 година од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година.
Седницата ќе се одтжи во просдториите на Домот на културата во Василево.