Во петок, 25.10.2019 година, со почеток во 15,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 27-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек река Требичка, општина Василево, опфатен со Урбанистички план за село Владевци, КО Владевци, општина Василево;
- Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2019 година;
- Извештај за проценка на штета настаната од елементарна непогода „Дожд и град“ во с. Добрашинци, с. Нова Маала и с. Висока Маала;
- Извештај за работата на Комисиите за процени на штети од елементарна непогода „Дожд и град“ што ја зафати општина Василево на 24.06.2019 година;
- Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ п.о Василево за третото тромесечие за 2019 година;
- Давање согласност на Измената и дополнувањето на Одлуката за утврдување на цената на водата за пиење или водоснабдување бр.02-881/1 од 21.12.2018 година;
- Давање согласност на Измената и дополнувањето на Одлуката за утврдување на цената за собирање и одведување на урбани отпадни води бр.02-882/1 од 21.12.2018 година.
- Давање согласност на Одлуката за утврдување на цената на водата за пиење или водоснабдување за правните лица за период 2019 – 2021 година;
- Давање согласност на Одлуката за задолжително вклучување на домаќинствата во организирано собирање на отпад во населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, Сушево и Владевци;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Димитраќ Митев од с. Градашорци;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Викторија Ѓоргиева од с. Василево;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Круме Спасевски од Скопје;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Ловно друштво „Гоце Делчев“, Босилово;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Ловно друштво „Беласица“, Струмица;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Костадин Ристов од. С. Нива Маала;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Ванчо Георгиев од с. Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





