Во вторник, 21.07.2015 година, со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 29-та Седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2015 година за периодот од 01.01.2015 до 30.06.2015 година (К-1).
2. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 30.06.2015 година (К-2).
3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 30.06.2015 година (К-3).
4. Предлог – одлука за давање на трајно користење на движни ствари на општина Василево добиени врз основа на Договор за давање на трајно користење на движни ствари склучен помеѓу Министерството за финансии и општина Василево.
5. Предлог – одлука за утврдување на надворешен член во Комисијата за давање на мислење на нацрт планови на општина Василево и утврдување на надомест за истиот.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на Културата во Василево.





