На 28.11.2025 година (петок) Советот на општина Василево ќе ја одржи третата седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици по населените места во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2026 година;
- Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2026 година;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2025 година за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година К1;
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година К2;
- Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година К3;
- Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2026 година;
- Предлог-одлука за одобрување на План на програми за развој на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриската зона на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за социјална заштита во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за животна средина на општина Василево за 2026 година ;
- Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2026 година;
- Предлог-програма за реконструкција на детски градинки за 2026 година;
- Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување на висината на даночните стапки бр. 07-793/1 од 09.11.2005 година, Одлуката за утврдување на висината на даночните стапки бр. 07-2392/1 од 15.12.2007 година, Одлуката за утврдување на висината на даночните стапки бр. 08-1670/2 од 31.12.2024 година и Одлуката за утврдување на висината на даночните стапки бр. 08-186/2 од 11.02.2025 година;
- Предлог-одлука за пренесување на правото на трајно користење на основни средства на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Бурхан Исинов од Василево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Христина Христова од Василево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Планинарски клуб „Ентузијаст“ од Струмица.