Дневен ред за 32-та седница на Советот на општина Василево

На 13.11.2023 година (понеделник) со почеток во 17.30 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 32-ра седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2023 година за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година (К1);
  2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година (К2);
  3. Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година (К3);
  4. Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2023 година;
  5. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година;
  6. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во општина Василево за 2024 година;
  7. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриска зона во  општина Василево за 2024 година;
  8. Предлог-програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во  општина Василево за 2024 година;
  9. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на  општина Василево за 2024 година;
  10. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на социјалната заштита за 2024 година;
  11. Предлог-програма за изградба и реконструкција на Детски градинки за 2024 година;
  12. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2024 година;
  13. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2024 година;
  14. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2024 година;
  15. Предлог-програма за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2024 година;
  16. Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2023/2024 година во зимски услови;
  17. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици по населени места во општина Василево за 2024 година;
  18. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2024 година;
  19. Предлог-програма за животна средина на општина Василево за 2024 година;
  20. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2024 година;
  21. Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на  општина Василево за 2024 година;
  22. Предлог-решение за избор на членови на Комисијата за унапредување на правата на пациентите;
  23. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за третотот тромесечие за 2023 година од 01.01.2023 до 30.09.2023 година;
  24. Годишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година;
  25. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Сузана Петрова од Василево;
  26. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Валентина Коцева од Василево;
  27. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од здружението Али Бег од Градашорци;
  28. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Стефчо Костадинов од Василево;
  29. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено Трајчо Секулов од Вељуса;
  30. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Вејсел Дураков од Висока Маала;
  31. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Емил Крстев од Василево;
  32. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ОК Сушево од Сушево.

32-ра седница, 13.11.2023

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail