На 30.01.2024 година (вторник) со почеток во 17,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи својата 34-та Седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2023 година за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година (К1);
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година (К2);
- Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за период од 01.01.2023 до 31.12.2023 година (К3);
- Предлог-одлука за утврдување на надоместок на надворешен член во Комисијата за урбанизам на општина Василево;
- Предлог-одлука за доделување на финансиски средства на избран најдобар полицаец од општина Василево за 2023 година;
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Габриела Костова од Василево;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Јусуф Дестанов од Висока Маала;
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од здружение на ловци и риболовци „Гоце Делчев“ од Босилово.





