На 26.08.2020 год. (среда), со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи триесет и петата седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Годишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за учебната 2019/2020 година.
- Годишна програма за работа за учебната 2020/2021 година на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала.
- Годишна програма за работа за учебната 2020/2021 година на ООУ „Гоце Делчев“, с. Василево.
- Финансиски извештај на ЈП „Турија“ за прво полугодие за 2020 година од 01.01.2020 до 30.06.2020 година.
- Предлог-одлука за пренесување на правото на користење и управување со водоснабдителниот систем за с. Седларци на ЈПКД „Турија“, Василево.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект –деловен објект на к.п бр. 2350 во КО Василево.
- Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Здружение на тутунопроизводители „Басмак“, Василево.
- Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од група на граѓани од с. Владевци.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во с. Василево.