На ден 06.06.2024 година (четврток) со почеток во 17,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи триесет и деветата седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог- одлука за кофинансирање на општина Василево по проект – врз основа на вториот повик за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти во рамки на Фондот за техничка документација кој се организира како дел од втората фаза на проектот за „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ (2022-2026), финансирана од страна на Шведска и Бирото за регионален развој;
- Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Турија“, Василево за период 01.01.2024 до 31.03.2024 година, споредено со 01.01.2023 до 31.03.2023 г.
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Живка Коцевска од Василево;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Абдије Алиева од Василево;
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Астрије Салиева од Градашорци.





