Во четврток, 28.04.2016 година, со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 29-та седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-1).
- Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-2).
- Квартален извештај за промени на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.03.2016 година (К-3).
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на К.П бр. 2394 во КО Доброшинци.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – помошен објект на К.П бр. 1153 во КО Градошорци вон гр.
- Донесување на одлука по барањето поднесено од Џамискиот одбор од с. Градошорци.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





