Во среда на 27.07.2016 година со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 42 седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2015 година.
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево.
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот 01.01.2016 до 30.06.2016 година (К-1).
- Кваратален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 30.06.2016 година (К-2).
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 30.06.2015 година (К-3).
- Предлог-решение за разрешување и именување на претседател на Комисијата за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита на општина Василево.
- Предлог – решение за разрешување и именување на член на Комисијата за еднакви можности.
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања.
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства за народни игри и песни Св.Петка, с. Ангелци.
- Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Ракометната федерација на Македонија.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





