На 05.03.2025 година (среда) со почеток во 09,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 47-та Седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
1.Предлог-одлука за кофинансирање на Општина Василево по проект-за изразување интерес од општините за проекти за унапредување на локалните услови и услуги во подрачја предложени од страна на заедницата/е во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта (ППЛП), преку Министерството за транспорт преку Единицата за имплементација на проекти (ЕИП), финансирано од Светска банка во рамки на Компонента 2.2.
2.Предлог-одлука за кофинансирање на Општина Василево по проект – за финансирање на предлог-проекти за намалување на диспаритетот меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, по одделни мерки и активности за рамномерен регионален развој објавен од Министерството за локана самоуправа;
3.Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот Создавање на модерна патна мрежа во Југоисточниот регион;
4. Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на туризмот: визија за подобар регион;
5. Давање согласност на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на комуналните услуги на ЈПКД „Турија“, Василево бр. 02-287/1 од 15.09.2022 година;
6. Давање согласност на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за Извештајот за работа и годишната сметка на ЈПКД „Турија“ Василево за 2024 година и Биланс на состојба;
7. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за Одлуката за усвојување на годишната сметка на ЈПКД „Турија“, Василево за 2024 година;
8. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2024 година;
9. Давање согласност на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за Одлуката за покривање на загубата по годишната сметка на ЈП „Турија“, Василево за 2024 година;
10. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ловно друштво „Фазан“, Василево;
11. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ОК „Сушево“ од Сушево;
12. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од црковен одбор „Свети спас“, Дукатино;
13. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Меѓуопштинско здружение на цивилните инвалиди од војната“, Штип.
Четириесет и седма седница, 05.03.2025





