Дневен ред за 48-ма седница на Советот на општина Василево

На 10.04.2025 година (четврток), со почеток во 10,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 48-ма седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување на општина Василево за 2025 година;
  2. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2025 година;
  3. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2025 година;
  4. Предлог за меѓуопштинска соработка помеѓу општина Василево и општина Радовиш;
  5. Предлог-одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Василево и општина Радовиш;
  6. Предлог-решение за измена и дополнување на Решението за разрешување и именување на членовите на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
  7. Завршна сметка на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2024 година;
  8. Завршна сметка на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2024 година;
  9. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Академија Христов од Василево;
  10. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Стојче Веселинов од Владевци;
  11. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Крсте Трајковки од Добрашинци;
  12. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ѓорги Јованов од Чанаклија за организирње на турнир во фудбал.

Дневен ред, Дополнување

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail