На 30.06.2025 година, со почеток во 20,00 часот во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи педесет и првата седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-правилник за еднократна парична помош за новороденче;
- Предлог-одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче на подрачјето на општина Василево за 2025 година;
- Измена и дополнување на годишниот план за вработување на општина Василево за 2025 година;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од хорскиот состав на ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од оркестарскиот состав на ООУ „Гоце Делчев“, Василево;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ајхан Демов од Василево;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ленче Гонева;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Еркан Мемедов од Нова Маала;
- Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Атанас Чакров од Пиперево.





