Во среда, 18.01.2017 година, со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 50 –та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Василево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP).
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година (К-1).
- Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година (К-2).
- . Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2016 до 31.12.2016 година (К-3).
- Предлог-одлука за утврдување на надворешен член на Комисијата за давање на мислење на нацрт палнови на општина Василево и утврдување на надомест за истиот.
- Извештај за активностите на Здружението – пингпонгарскиот клуб Астрион спорт плус за 2016 година.
- Програма за работа на Здружението – пингпонгарскиот клуб Астрион спорт плус за 2017 година.
- Донесување на одлука по барањето поднесено од Апостолски егзархат во Македонија – парохија „Успение на пресвета Богородица“, с. Нова Маала.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





