Во понеделник, 20.03.2017 година, со почеток во 15,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 52-та седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Годишен план за обука на административните службеници за 2017 година во општина Василево.
- Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2016 година.
- Годишен извештај на општина Василево за 2016 година.
- Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за 2016 год.
- Давање согласност на Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“ Василево за 2016 година.
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2016 година.
- Завршна сметка на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2016 година.
- Завршна сметка на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2016 година.
- Полугодишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ Василево за учебната 2016/2017 година.
- Полугодишен извештај за работата на ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала за учебната 2016/2017 година.
- Предлог – решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2017 година.
- Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево.
- Предлог-одлука за одобрување на финансиски средства.
- Предлог-одлука за доделување на награда на наставник Горица Русева поради постигнати посебни резултати во наставно – образовниот процес.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување во бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на к.п бр. 2275 во КО Пиперево.
- Предлог-одлука за именување на в.д директор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
- Донесување на одлука по барањето за добивање на финансиски средства поднесено од МПЦ- Одбор на храмот Св. Ѓорѓи, с. Пиперево.