Дневен ред за 55-та седница на Советот на општина Василево

На 10.09.2025 година (среда) со почеток во 20,00  часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 55-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен план за вработување за 2026 година на општина Василево;
  2. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната 2025/2026 година;
  3. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната 2024/2025 година;
  4. Донесување на одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2026 година на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
  5. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за прием на повеќе или помалку деца во група;
  6. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОПУДГ „Прва радост“, Василево;
  7. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за утврдување на комисија за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиски критериуми за прием на деца;
  8. Годишна програма за работа на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2025/2026 година;
  9. Предлог-одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за локални избори 2025 година со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања во општина Василево.

Дневен ред

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail