На 26.09.2017 година ( вторник), со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 58-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Годишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2016/2017 година.
- Годишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2016/2017 година.
- Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ Василево за учебната 2017/2018 година.
- Годишна програма за работа на ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала за учебната 2017/2018 година.
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за учебната 2017/2018 година.
- Донесување на Одлука по известувањето на Министерството за труд и социјална политика за почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево.
- Донесување на одлука по барањето поднесено од МЗ Владевци.
- Донесување на одлука по барањето поднесено од ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за добивање согласност за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет.
- Предлог-решение за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на ООУ„Гоце Делчев“ Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





