Драмска изведба на учениците од ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала

Денес, учениците од ООУ „Атанас Нивичански“, од Новаа Маала,  со изведба на претставата „Авантурите на принцезата Лили“, под менторство на наставничката Светланка Ѓеоргиева,  го најавија крајот на учебната година и почетокот на летниот распуст. Аплаузот на крајот од претставата и задоволството на лицата од присутните беа показател за успешната изведба и награда за вложениот труд.
Покрај учениците, нивните родители и наставници, гости на претставата беа и  директорот на ООУ „Гоце Делчев, Василево со дел од стручните служби како и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов со своите соработници.
Како што информираа од училиштето во претставата учествувале ученици од  повеќе одделенија а  намерата е во иднина оваа претстава да биде изведена и на други училишни и вон училишни настани во општината.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail