На барање на жителите на населеното место Едрениково деновиве заврши активноста на обезбедување изворска вода која ќе служи како дополнителен извор за снабдување со вода за ова население.
Преку својот ФБ профил, информацијата ја сподели и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов: „Завршија градежните активности за поставување на црево во должина од околу 550 метри за обезбедување на изворска вода за населеното место Едрениково. Оваа е едно од барањата на граѓаните, кое го реализираме. Граѓаните треба да бидат сигурни дека ветеното ќе го реализираме“.
Граѓаните на с. Едрениково користат вода од регионалниот систем за водоснабдување со кој стопанисува ЈПКД„Турија“, Василево.





