Викарниот Епископ Стобиски, г.Јаков, во текот на вчерашниот ден го посети градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и му посака Божји благослов во секојдневната работа.
„Денес, на големиот христијански празник Воведение на Пресвета Богородица во храм – Пречиста , добив благослов од Викарниот Епископ Стобиски, г. Јаков. Оваа средба претставува, силен поттик и одговорност да продолжам да работам чесно, посветено и во служба на граѓаните. Благодарен сум за благословот, за добрите зборови и поддршката. Нека празникот донесе здравје, мир и благосостојба во секое семејство.“, напиша во својата ФБ објава, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по вчерашната средба во неговиот кабинет.
Епископот Стобиски г.Јаков беше во придружба на секретарот на Струмичката православна епархија, отец Константин Митев.



