Вчера, заврши Меморијалниот турнур во фудбал „Трајчо Петров“ , кој се одржа во чест и спомен на спортскиот работник Трајчо Петров од Василево.
Натпреварите се играа на големото фудбалско игралиште во Василево. Во трите натпреварувачки денови силите ги одмерија младите фудбалери од повеќе фудбалски клубови од Василево и соседните општини од генерациите 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
Во генерација 2013 најдобри беа: ФК Таленти од Василево, второ пласирани ФК Детонит Плачковица, Радовиш, трето пласирани ФК Либра Кидс Валандово, а на четвртата позиција ФК Беласица од Струмица.
Кај Генерација 2014, за првото место се изборија ФК „Џокер“, второ – ФК Детонит Плачковица, Радовиш, трето – ФК Нови таленти и ФК Либра кидс Валандов на четвртото место.
Кај Генерација 2015, кои играа во вториот натпреварувачки ден, најдобри беа ФК Детони, Плачковица од Радовиш,второпласитани – ФК Нови таленти, трето плацирани – ФК АП Брера Струмица и на четвртото место ФК Единство од Пиперево.
Најдобри во генерација 2016 беа ФК Беласица, Струмица, второпласирани ФК Либра Кидс Валандово, третопласирани – ФК Детонит Плачковица Радовиш и четвртопласирани Фудбалска Академија Христов.
Кај Генерациија 2017 кои се натпреваруваа последниот натпреварувачки ден, најдобри беа ФК Либра Кидс Валандово, второпласирани – ФК Детонит Плачковица Радовиш, третопласирани – Фудбалска Академија Христов и ФК Јанг Боис Неготино на четвртото место.
Покровители на Турнирот кој се одржува втора година по ред се фамилија Петрови, Фудбалска академија Христов – Нови таленти и општина Василево, која со Одлука на Советот обезбеди финансиска поддршка за негово одржување.
Заврши Меморијалниот турнир Трајчо Петров












