Заврши реконструкцијата на регионалниот пат клучка Градашорци – Вељуса во делот на населеното место Градошорци, преку кој општина Василево се поврзува со соседната општина Струмица. Асфалтирани се преостанатите 800 метри од вкупно 5,4 км долгата делница и тоа во делот на Градашорци – од црквата Св. Никола до клучката со магистралниот пат Струмица – Радовиш.
После неколкуте интервенции од страна на општината во претходните години, кога дупките се крпени и пополнувани, сигурни сме дека ова ќе биде квалитно и долготрајно решение, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев на стартот на градежните активности кои започнаа токму на иницијатива на градоначалникот Јанев.
Реконструкцијата е извршена од страна на ЈП за државни патишта на Република Северна Македонија.
„Квалитетната патна инфраструктура, како основен предуслов за сеопшт развој во заедницата е една од нашите основни цели кон кои се стремиме и задача која постојано е на нашата работна агенда.Секојдневно, максимално сме ангажирани и ги користиме сите канали, начини и извори за обезбедување средства, бидејќи за нас, за нашите населени места, за нашата општина Василево битен е секој метар изграден пат или улица“ е ставот на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.