Заврши традиционалниот турнир во одбојка во Сушево

Синоќа, во населеното место Сушево, познато како одбојкарско село и расадник на млади одбојкари, заврши традиционалниот турнир во одбојка што се одржува по повод верскиот празник Мала Богородица, кој воедно е и селска слава.

Победата на најдобрите, лично но и преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, им ја честиташе градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на турнирот и ги бодреше учесниците.

„Заврши традиционалниот турнир во одбојка во Сушево по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица. Во изминатите неколку дена Сушево беше место за дружење и спортски натпревари. Честитки до победниците но и до сите други екипи за нивното спортско однесување“, напиша градоначалникот Андонов.

Турнирот се одржува под покровителство на општина Василево и средствата за истиот се обезбедени преку  Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето во Општина Василево за 2023 година.

1_1024x768 2_1024x768 7_1024x768

4_576x768 5_576x768

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail