Заврши турнирот во мал фудбал во Добрашинци 2025

Синоќа во Добрашинци заврши Велигденскиот турнир во мал фудбал, Добрашинци -2025. Финалето го проследи и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој преку фотографии споделени на неговиот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24, ја пренесе атмосферата од последниот натпреварувачки ден. Андонов исто така вети поддршка на овој турнир од страна на општината и во иднина.  „Турнирот во Добрашинци секогаш ќе ја има подршката од општина Василево. Целиот турнир помина во фер и спортска атмосфера и победи најдобриот. Општина Василево секогаш ќе дава подршка на овој турнир“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail