Во населеното место Градошорци, целосно завршија активностите на партерно уредување на центарот во т.н Чифлик маало. Преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информацијата за реализацијата на овој проект ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„Целосно заврши партерното уредување на центарот во Чифлик маала во Градошорци Барање на жителите на Градошорци кое се реализира. Центарот во Чифлик маало доби нови содржини: поплочување на центарот со бекатон плочки; клупи и корпи за отпадоци; поставена е нова постројка. Запуштениот и руиниран центар во Чифлик Маало во Градошорци, стана минато. Граѓаните добија соодветен простор за одмор и дружење. Уште едено ветување стана реалност. Општина Василево се менува, ветувањата кон граѓаните се реализираат“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.
Според информациите од техничката документација станува збор за поплочен простор со бекатон плочки на површина од 557 м2 , со изграден тротоар и поставување на автобуска постојка. Вкупниот Буџет согласно Договорот со компанијата изведувач изнесува 1 113 603 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.





