Завршна приредба на градинката „Прва радост“, Василево

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес беше гостин во градинката „Прва радост“, Василево, каде дечињата од големата група на свечен начин се збогуваа од своите помали другарчиња и  воспитувачките и добрите тетки кои секојдневно се грижат за нив.

Присутните ги поздрави директорката на градинката Василија Христова, која на дечињата им посака, здравје, среќа и многу знање и успеси од септември, кога како првачиња ќе седнат во училишните клупи.

„Збогум, збогум градинке, немој да си тажна, ќе мислам на тебе, од септември ќе сум прваче…..“ идните првачиња пееја и рецитираа песнички и стихови специјално подготвени за свечениот чин, кој заврши со доделување на дипломи со кои на симболичен начин е означен крајот на нивниот престој во градинката и подготвеноста за следните предизвици кои како ученици, ги очекуваат од септември.

DSC_0417_1024x681

DSC_0395_1024x681

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail