Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера направи увид во тековното одвивање на работите на изградба на фекалната канализација во с. Ангелци, по што преку својот ФБ профил го најави финализирањето на овие активности, по што веќе од наредната недела граѓаните ќе можат да се приклучуваат.
„Во населеното место Ангелци, во завршна фаза е првиот дел од крак од фекална канализација. Од почетокот на идната недела домаќинствата од Ангелци, ќе може да се приклучуваат на системот на фекална канализација“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24. Средствата за оваа активност се обезбедени од општинската каса.
Градоначалникот Андонов го најави и продолжувањето на активностите на изградба, односно целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во с. Радичево, лоцирано во училишниот двор. „Во исто време, продолжуваат градежните активности на повеќенаменското игралиште во Радичево. Оваа игралиште добива сосема нов лик.
Дадениот збор пред граѓаните се исполнува“, стои во објавата на Градоначалникот.





