Општина Василево, вчера ги стартуваше градежните активности за изградба на улица во населеното место, која е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година. По тој повод, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, се огласи градоначалникот на општина Василево, кој споделувајќи ја информацијата за стартот на градежните активности, потсети и на дадените ветувања пред граѓаните на Нова Маала и инвестициите во изминатите две години:„Денес во Нова Маала дадениот збор кон сите граѓани за оваа улица почна да се реализира. Решаваме деценски проблем, нема повеќе заборавени граѓани на општина Василево Во наредниот период ќе се проектираат останатите улици кои заедно со жителите на Општина Василево ги договоривме како приоритет за нивните населени места. Во населеното место Нова Маала за овие две години од мојот мандат се инвестирани финансиски средства во капитални проекти околу 16.000.000 денари : Асфалтирана е улицата на влезот во населеното место Нова Маала; Асфалтиран е локалниот пат Нова Маала -Добрашинци; До крајот на месец Септември ќе заврши партерното уредување на центарот во Нова Маала. Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што до сега никогаш немало асфалт. Градежнто офанзива се одвива со силна динамика. Еднаков и рамномерен развој на сите населени места“, порача градоначалникот Андонов.
Согласно тендерската документација и Договорот со изведувачот, оваа улица е со должина од 165 метри, ширина 3,5 метри, односно вкупна асфалтирана површина од 590 м2 и буџет во висина од 862 365 денари, средства обезбедени од општинската каса.





