Во населеното место Дукатино, започна изградбата на пристапната улица што води кон манастирот Св. Ѓорги. Информацијата за стартот на оваа активност, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој напиша: „Ветувањето дадено во мојата програма го реализирам. Денес започна изградбата на патот до манастирот Св.Ѓорги во Дукатино. Во наредниот период истиот, ќе биде асфалтиран. Конечно после долги години очекувања на граѓаните од оваа населено место, ќе се асфалтира патот до манастирот Св.Ѓорги во Дукатино. Во наредниот период, ќе се асфслтираат улици во сите населени места во општина Василево. Го менуваме ликот на Општина Василево“.
Должината на овој пат изнесува 280 метри. Буџетот за негова реализација согласно Договорот со компанијата изведувач изнесува 1 926 683 денари и истите се обезбедени преку Центарот за развој на ЈИПР од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година на Министерството за локална самоуправа, Биро за регинален развој. Финансиското учество на општина Василево изнесува околу 200 000 денари.





