Започна изградбата на улицата покај Домот на културата во с. Василево

Во населеното место Василево  започнаа градежните активности на асфалтирање на улицата која води покрај Домот на културата. Ова е последна и финална фаза од изградбата на оваа улица на која претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација.
На стартот на финалните активности присуствуваше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој во видео обраќање, https://www.facebook.com/vasilevo24/videos/1604443797155628, им порача на своите сограѓани дека до крајот на неговиот мандат ќе бидат асфалтирани сите улици во ова населено место и на истите пред асфалтирањето ќе биде поставена  фекална канализација.
„Општина Ваилево започнува со градежни активности на улицата покрај Домот на културата во населеното место Василево. Сакам да потенцирам дека системски пристапуваме на решавање на проблемите. Пред да добие асфалт оваа улица,  беше поставена фекална и атмосферска канализација. Со тоа граѓаните од овој дел на населеното место Василево добиваат комплетно уредена улица. Од овде,  денес, сакам да истакнам до крајот на мојот мандат сите неасфалтирани улици во населеното место Василево ќе бидат асфалтирани но претходно ќе добијат фекална канализација. Граѓаните треба да бидат сигурни дека ветеното се реализира“.
Должината на оваа улица изнесува 680 метри, ширината околу 5 метри односно вкупно  асфалтирана површина од 3355 метри2. Буџетот за нејзино асфалтирање е  обезбеден од општинската каса и изнесува 5 134 040 денари.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail