Започна имплементацијата на УСАИД Проектот за искористување на општинските капацитети

Денес,  со работен состанок во просториите на општина Василево стартуваа активностите од УСАИД Проектот за зајакнување на општинските капацитети и искористување на ресурсите.

На состанокот,  претставниците на имплементаторот на Проектот заедно со општинската администрација, преку пополнување на прашалник како алатка за самооценување и одредување на појдовна точка за дизајнирање на потребната техничка помош, ги започнаа активностите кои ќе траат во наредните 18 месеци.

Целта  на Проектот е унапредување на општинските  капацитети за ефикасно прибирање на приходите од сопствени извори, подобрување на квалитетот на локалните даночни системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локалните власти за планирање, управување и спроведување на јавните средства, зајакнување на одржливоста на општинските финансии и унапредување на процесот на фискална децентрализација.

На работниот состанок присуствуваше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Општина Василево, како една од 24-те општини учеснички во Проектот, минатиот месец потпиша  Меморандум за соработка, https://opstinavasilevo.gov.mk/?p=13870 и стана партнер општина во  Проектот на УСАИД за зајакнување на општинските капацитети и искористување на ресурсите.

DSC_0650_1024x681

DSC_0645_1024x681

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail