Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес беше во населеното место Седларци, каде изврши увид во стартот на градежни активности на партерно уредување на центарот на ова населено место.
Локацијата е веднаш до повеќенаменското спортско игралиште и училиштето.
Согласно тендерската документација, станува збор за површина од 180 м2 која ќе биде хортикултурно уредена со високо и ниско зеленило како и со сезонско цвеќе.
На 155 м2 ќе бидат поставени бехатон плочки, а просторот ќе биде опремен и со шест метални клупи за седење, канти за отпадоци и чешма поврзана ма мрежата за довод и одвод.
Вкупниот Буџет за сите планирани активности изнесува 420 000 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на општинна Василево.





