Интензивни градежни активности во населеното место Нова Маала

Во населеното место Нова Маала во тек се интензивни градежни активности на неколку локации. Според информацијата споделена од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, на пет улици во тек се подготвителни активности за нивно асфалтирање н
„Во Нова Маала подготовка за асфалтирање на пет улици: улицата кај Лазо Коцев; улицата покрај мултифункционалниот центар; улицата кај Ташкн Османов; улицата кон помпите“, стои во објавата на градоначалникот, каде исто така го најавува и асфалтирањето на улицата до гробиштата во Нова Маала.
„По завршување на тендерската постапка ќе се асфалтира и улицата до гробиштата во Нова Маала. Конечно после долги години очекувања на граѓаните, од оваа населено место овие улици ќе бидат целосно уредени. Во наредниот период, ќе се асфалтираат улици во сите населени места во општина Василево! Го менуваме ликот на Општина Василево“, информира Андонов.
Средствата за оваие активности се обезбедени од сопствени извори на приходи на општината, планирани со Буџетот за 2025 година.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail