Исчистена дивата депонија во Василево

„Денес повторно е расчистена дивата депонија во населеното место Василево“, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, во врска со тековните активности за расчистување на дивите депонии во населените места на општина Василево во кои се празнува престојниот празник  Успение на Пресвета Богородица.

Се чистеше вегетацијата  и наносите и  на патниот правец Василево-Пиперево, како влезот во населеното место Пиперево.

„На сите нас е да се грижиме за околината, зашто само заедно може да придонесеме за зачувување и подобрување на животната средина. За поубаво Василево!“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот Андонов.

1 2 4 6 7

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail