Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево деновиве работеше на чистење на отворениот бетонски канал во населеното место Градашорци, кој ги прифаќа атмосферските води и спречува поплавување на домовите и земјоделското земјиште.
На лице место беше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели фотографии и информации за активноста: „Изминатите денови, во населеното место Градошорци се извршија активности за чистење на атмосферскиот канал во центарот на населеното место. Со отстранувањето на наталожениот материјал, главно земја и вегетација каналот се оспособува за прифаќање на атмосферските води од дождовите, кои главно надоаѓаат од полето во каналот кој е покрај улицата во самото населено место. Вкупната должина на каналот изнесува околу 680 метри. Активноста токму во овој период е неопходна, за да се канализира и насочи водата од евентуалните врнежи, односно спречи нејзино излевање по улицата и низ дворовите. Со граѓаните сме постојано во комуникација и согласно нашите можности, одговараме на нивните потреби. За поубава општина Василево“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.





