Се известуваат граѓаните на с. Едрениково да дојдат во просториите на Комуналното претпријатие „Турија“ во Василево, за да склучат договори за приклучок кон канализационата мрежа.
Според Одлука на Советот приклучувањето е задолжително за сите домаќинства. Цената за приклучок изнесува 14.000 денари. Може при склучување на Договорот да се платат најмалку 7.000 денари, а останатите 7.000 денари да се платат на 12 месечни рати.
Месечно за користење на канализационата мрежа ќе се плаќанпо 5,14 денари од м3 потрошена вода, а во 2021 година ќе се наплаќа по 4,80 денари од м3 потрошена вода.
Според планот за работа на ЈП Турија Василево со приклучување ќе се отпочне во месец Октомври 2020 г., и ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен.
Подетални информации може да добиете во ЈП „Турија“ Василево.
ЈП „Турија“ Василево





